Облачно и магловито време, кон крајот на денот дожд, а на планините снег

Денес ќе биде се уште релативно топло, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а попладне облачноста ќе се зголеми. Во недела ќе се задржи облачно, а потоа кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник особено претпладне се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од повремен слаб снег.

Според УХМР услови за провејување на слаб снег ќе има и во вторник на истокот. Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а утринските температури ќе бидат во опаѓање.

Температурите ќе се движат од -3 минималната до 15 степени максималната

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност поголема од пладневните часови. Ќе дува слаб променлив ветер.

Минималната температура во главниот град ќе биде од 3 додека максималната 15 степени.