Облачно и магливо со температура до 11 степени

Времето денеска ќе биде претежно облачно и тивко, по одделни котлини со појава на магла. Кон крајот на денот во јужните делови ќе има услови за слаб дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
 
Во Скопје ќе биде облачно со појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 6 степени. Продолжува периодот на стабилно и суво време, по котлините со појава на магла и ниска облачност. Во понеделник ќе биде значително облачно со услови за слаб локален дожд. Промена на времето се очекува кон крајот на работната недела, кога ќе дува слаб до умерен јужен ветер и ќе има повремени врнежи од дожд.