
58-годишник од Чашка ќе одговара кривично затоа што објавил снимка на социјалните мрежи како во својот двор пука во воздух.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Б.Т.(58) од општина Чашка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, соопшти МВР.
Пријавениот на негов профил на социјална мрежа прикачил видео запис на кој се гледа како тој во дворот од својот дом испукува куршуми во воздух.