Објавени резултатите од конкурсот {ЗАЕДНО} едни за други: dm издвојува речиси 2.5 милиони денари за проекти посветени на женското здравје

На конкурсот кој беше објавен втора година по ред, dm доби речиси 60 пријавени проекти кои имаа за цел подобрување и зачувување на менструалното и репродуктивното здравје на жените. Со речиси 2.5 милиони денари тие поддржуваат дури 5 од пријавените проекти во нивна реализација.

Во општество каде што разговорите за менструално и репродуктивно здравје честопати се ,,обвиткани“ во стигма, dm направи храбар чекор напред. Како дел од иницијативата {ЗАЕДНО} едни за други, тие објавија отворен повик за иновативни проекти кои се занимаваат со овие прашања. Со ова, тие уште еднаш покажаа дека се посветени на создавање позитивна промена и веруваат дека секоја индивидуа заслужува пристап до информации, ресурси и поддршка во врска со своето здравје – особено жените, кои честопати ги забораваат своите потреби, а се посветуваат на другите.

Речиси 60 проекти земаа учество во отворениот конкурс, а секој од нив е доказ за страста и посветеноста на здруженијата кои се стремат да направат промена. По внимателно разгледување, dm со задоволство објави дека избра дури 5 проекти кои ќе ги поддржи во нивната реализација, со речиси 2.5 милиони денари.  Овие проекти не само што имаат за цел да едуцираат и информираат, туку и да ги срушат бариерите кои спречуваат отворени дискусии за менструалното и репродуктивното здравје. Од работилници кои обезбедуваат основни знаења, до иницијативи кои осигуруваат пристап до неопходни производи, секој од избраните проекти ја отелотворува визијата на dm за поздраво и поинформирано општество. Избраните проекти може да ги погледнете тука и да прочитате повеќе детали за овие иницијативи.  

,,Ние во dm веруваме дека секој чекор кон подобро здравје, е чекор кон посреќен и поисполнет живот и сме посветени на создавање на средина во која секој може да напредува. Поддржувајќи ги овие проекти, не инвестираме само во иницијативи; инвестираме во луѓе, во заедници и во иднина во која менструалното и репродуктивното здравје ќе бидат отворено дискутирани и приоретизирани. Заедно, можеме да создадеме свет во кој никој не се чувствува сам во своето патување!“ – Изјавува Кристина Дуранска, маркетинг менаџер во dm

За потсетување, преку оваа иницијатива dm минатата година поддржа 6 проекти кои покрија широк спектар на теми за подобрување на женското здравје, како пост-породилна депресија, подигнување на свеста за превентивни прегледи, здрав начин на исхрана и редовна физичка активност, зајакнување на менталното здравје, унапредување на квалитетот на животот преку влијание врз менструалната сиромаштија, како и поддршка за мајките на деца со пречки во развојот. 

Со пружање на финансиска поддршка на избраните проекти, dm оваа година ја заокружи својата инспиративна тримесечна кампања посветена на женското здравје. Таа вклучуваше разни активности, како што се соработка со експерти, лансирање на сопствен поткаст ,,Женски ритам“, бесплатни дерматолошки прегледи и отворени разговори за здравјето на жените преку нивните социјални мрежи. Тие велат дека се благодарни на сите учесници кои придонесоа во успехот на оваа кампања. Заедно, направија значаен чекор кон подобрување на здравјето и благосостојбата на жените во нашата заедница!