Објавена снимка од трагедијата во Претор: Спасувачи се обидуваат да го пронајдат телото и извлечат од водите (ВИДЕО)

Младо момче се удавило вчера во Преспанското езеро, во Претор.

„Во 18:18 часот во ПС-Ресен, од ИМП било пријавено дека во туристичката населба-Претор, во водите на Преспанското езеро, исчезнал И. М. (2004) од Ресен. На лице место се упатени Служби“, информира МВР.

Неофицијално до инцидентот дошло откако три лица се возеле на педалинка, и од непознати причини во еден момент педалинката се превртела. Две момчиња излегле на површината, додека едното не излегло од водата.

Според последните информации на ТВ21, момчето се уште не е најдено, а во потрагата се приклучиле и нуркачи од Охрид.

Порталот „Центар“ објави и видео каде што спасувачите се обидуваат да го пронајдат телото и да го извлечат од водите на езерото.

ВИДЕО: centar.mk