Објавена листата на најмоќни пасоши - погледнете на кое место е Македонија

Дали се исплати да поседуваш македонски пасош?

Македонија го дели 38-то место со Кралството Тонга, независната островска држава во Океанија на листата на најмоќни пасоши на светот, бидејќи со македонски пасош може да се патува без виза во 112 земји или да се добие виза по доаѓањето, покажува најновото истражување на организацијата „Passport index", кое вклучува 193 држави членки на ОН и шест територии.

Првото место на листата на највредни пасоши, врз основа на можноста да патуваат без визи или да добијат визи по пристигнувањето, го делат Сингапур и Јужна Кореја, чии граѓани можат да патуваат во 162 земји.

Од земјите во регионот, пред македонскиот е пасошот на Словенија, чии сопственици можат да патуваат во 153 земји, како и хрватски пасош со кој може да се посетат 148 земји. Србија е едно место погоре од Македонија. Го дели 37-тото место со Гватемала и островската нација Тувалу, чии пасоши исто така дозволуваат влез во 116 земји за нивните сопственици.

Црна Гора е пак на 42-то со 108 земји и БиХ на 45 место со 103 земји кои можат да ги посетат без виза.

На сајтот на„Passport index", се посочува дека Јужна Кореја за прв пат се приклучи на Сингапур на врвот на листата на најмоќните пасоши во светот.

Рангирањето на азиските земји се подобри во 2017 година, иако европските земји, предводени од Германија, традиционално "доминираат" на листата.

На крајот од 2017 година, Сингапур презеде водство и стана прва азиска земја на врвот на листата на најмоќните пасоши во светот, но Германија успеа да го фати чекоро до декември 2017 година, иако не за долго, наведува сајтот.

До неодамнешните промени дошло главно поради тоа што Узбекистан го одобри безвизниот режим во Јужна Кореја и Сингапур, но и порад и промените во визната политика на Сомалија.

Второто место на листата им припаѓа на Јапонија и Германија, чии граѓани можат да патуваат во 161 земја.