Ања Мугерли ја објава својата збирка од седум раскази „Пчелно семејство“.
Секој расказ во книгата, застапува одреден обред или обичај од словенечката традиција, кои во делото на Ања Мугерли се вметнати во поинаков контекст или во современи рамки, така што добиваат нова улога и нова смисла.
Централна тема на секој расказ е семејството: било да е неостварено („Јаболкарка“), обединето и потоа раздвоено („Пламени јазици“) или некое што во нормални услови би можело да стане вистинско („Пчелно семејство“). Сите раскази, освен еден, се случуваат во сегашноста, но поради ритуалите и атмосферата се чинат безвременски. Авторката со јазична виртуозност нè внесува во свет што не го познаваме, иако живееме во него.
Во 2021 година „Пчелно семејство“ ја добива престижната Награда за литература на Европската Унија.
Ања Мугерли е словенечка писателка. Дипломирала словенистика, а магистрирала креативно пишување. Нејзиното книжевно првенче, книгата „Зелената фотелја“ е објавена во 2015 година и е номинирана за најдобра дебитантска книга на саемот за книга во Словенија, истата година.