Објавен списокот на играчи за последниот натпревар од претквалификациите за ЕП 2021, против Романија

Селекторот на машката кошаркарска репрезентација на Македонија, Јорданчо Давитков го објави на играчи на кои ќе смета за последниот натпревар од претквалификациите за ЕП 2021, против Романија. 

Во тимот се враќа Ричард Хендрикс кој претходниот меч против Косово го прескокна поради семејни проблеми. Од оние кои играат во странство, покрај Американецот, се и капитенот Војдан Стојановски и Стојан Ѓуроски, но затоа пак на списокот повторно го нема младиот член на  шпански Хувентуд, Ненад Димитријевиќ. 

Останатите единаесетмина кошаркари се од домашното, македонско првенство, и тоа: Дамјан Стојановски, Александар Костоски, Дарко Соколов, Бобан Стајиќ, 

Андреј Магдевски, Димитар Караџовски, Марко Симоновски, Бојан Трајковски, Љубомир Младеновски, Бојан Крстевски и Андреј Маслинко. 

Македонија е лидер на табелата во својата група со максимални три победи, а во таборот на црвено-жолтите се надеваат дека така ќе остане и по претстојниот меч. Но, и пораз не поголем од 14 поени разлика, би бил доволен да се задржи позицијата. 

Првата прозивка ќе биде во сабота во 17  часот во малата сала на спортскиот центар Јане Сандански, каде ќе се тренира до среда, по што селекцијата селекцијата заминува за Плоешти каде на 21 февруари со почеток во 19 часот е закажан дуелот со Романија.