Објавен првиот трејлер од турската серија која се снима во Скопје

Викендов во Скопје започна со снимање нова турска серија која го носи насловот „Балканска приспивна песна“. 

Како што соопштија продуцентите на серијалот, снимањето започнало на 14 мај, додека филмот ќе ги прикажува искрените и радосните приказни на балканскиот народ. Овој сериски филм во летниот период ќе биде прикажан на ТРТ 1.

На социјалните мрежи се појави првиот трејлер од серија. Корисниците на Твитер од Македонија веќе реагираат за објавениот трејлер и со нетрпение ги очекуваат првите епизоди.