Објавен конкурс за организирањe концерти под програмски наслов „Македонски музички текови“

Јавната установа Културно Информативен Центар-Скопје, врз основа на програмата за музичка дејност, објави конкурс за организирањe концерти под програмски наслов „Македонски музички текови“, под кои спаѓаат концерти од различни музички жанрови, кои ќе се реализираат во текот на 2025 годиина.

Право на учество имаат сите заинтересирани музичари, изведувачи, групи или поединци. Заинтересираните за апликација потребно е интегрирано во еден ворд документ да достават концепт за проектот, кратка биографија и контакт информации на muzicka@kic.mk, информираат од Град Скопје. 

Конкурсот трае до 28 април 2025 година. Селекцијата на проектите ќе го изврши комисија составена од членови на ЈУ КИЦ Скопје и Град Скопје. Средствата за проектите се обезбедени од Град Скопје.