Објавен дел од новата евровизиска песна на Васил - многу поразлична од минатогодишната

По одложувањето на Евросонг 2020, Васил Гарванлиев добива уште една шанса да ја претстави Македонија на големата европска сцена.

Минатата година организаторите на фестивалот потврдија дека истите изведувачи може повторно да ја претставуваат својата земја, но со нова песна. Па, така, наместо „You“ да ги освојува денс-сцените низ Европа, оваа година Васил оди со целосно нова композиција, која веројатно традиционално ќе биде објавена на 8 март. 

Во меѓувреме, можете да чуете краток исечок кој самиот го објави на своите профили на социјалните мрежи.