Обиен стан на пратеничка од СДСМ во Скопје

Домот на пратеничка на СДСМ вчера бил мета на крадци, пишува Курир.мк.

Порталот пишува дека И.С. пријавила дека на улица Мирослав Крлежа во Скопје насилно е отворена влезната врата од станот,а истото било наведено во полицискиот билтен.

Од полицијата велат дека се уште се работи на случајот и утврдување на точната ситуација, па не можат прецизно да каже дали и што е украдено од станот.