Избегната е трагедија во Крива Паланка откако 25-годишник избодел со нож девојка во вратот притоа нанесувајќи и тешки повреди. Од обвинителството известија дека Јавниот обвинител од Куманово има донесено наредба да се спроведе постапка поради обид за убиство.
„Осомничениот 25-годишник, во семејниот дом во Крива Паланка, се обидел со умисла да лиши од живот 22-годишна девојка, пријателка на член од неговото семејство. Во алкохолизирана состојба, осомничениот влегол во вербална расправија со жртвата, а потоа и физички ја нападнал, нанесувајќи и три убодни рани со нож во вратот. Според лекарите, жртвата во моментов не е во животозагрозувачка состојба, но и се предизвикани тешки телесни повреди“, се вели во соопштението
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка има доставено предлог за определување мерка притвор за осомничениот се вели во соопштението на МВР.