
26-годишник од Полска уапсен на Табановце затоа што се обидел да пренесе печурки-габи со психотропно дејство.
- На 04.12.2025 во 13:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода К.О.М.(26) од Полска затоа што при гранична контрола и проверки во патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки, со кое допатувал, пронајдени и одземени се картонски кутии во кои имало печурки-габи со психотропно дејство, известија од МВР.
Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.