Обид за кражба во обложувалница, вооружена кражба во банка во Скопје

Два случаи на кражби се случиле вчера и денеска во Скопје. 

Вчера во 09.40 часот во Полициска станица Карпош било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„Разловечко востание“ едно лице со закана кон вработениот се обидело да одземе пари, но не успеало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Денеска (29.04.2022) околу 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во филијала на банка на бул.Јане Сандански во Скопје две лица со закана со пиштол кон вработената одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.