Вчера во полициска станица во Тетово, 28-годишна жена пријавила дека била цел на обид за измама. Според пријавеното, лицето ја контактирало на социјална мрежа и се понудило да даде донација за нејзиниот болен брат, при што побарало да му испрати лична карта и трансакциска сметка од лице кое е во работен однос.
Како што е пријавено, набргу на сметката на нејзината мајка пристигнале 19.000 денари, за кои им рекол да ги подигнат и нему да му дадат 15.000 денари, додека останатите 4.000 денари ги остава за донација. Среќа за нив е што кога отишле во банка дознале дека парите потекнуваат од брз кредит земен на нејзино име по што парите веднаш биле вратено назад на испраќачот.
Од МВР велат се преземаат мерки за расчистување на случајот.