Обичен сезонски грип, ама јас ваков грип неам видено до сеа - Ина Многуфина раскажа за симптомите на болеста

Ина Многуфина го сподели своето искуство со грипот кој го достигнува пикот во овој период. 

Иако многумина се шокирани од страшните симптоми од овосезонскиот грип, Ина Многуфина во свој стил раскажа за процесот на болеста! 

Додека вчера надлжените објавија дека на неделно ниво има 2880 заболени од грип, ова е во целост објавата на позната инфлуенсерка: 

- Па ко ќе излезат вака со статистики за грипот ко да некому му е битно колку има поише од лани заболени. Никој не излезе да ги раскаже симптомите на ова чудо да се спремиме дома со суплементи. Еве јас ќе ви раскажам како изгледа само една верзија од овогодинешниот ајде да го наречеме обичен сезонски грип ама јас ваков грип неам видено до сеа.

Лупа од нигде никаде со температура демек здраво јас дојдов. Температурата е во почеток 37.8 као не се плаши, не мора одма да идеш на лекар може сум само настинка. Демек. За пола саат почнува таква треска што чашата за вода не можеш да ја погодиш под чешма за да напуниш. Тука сфаќаш дека ќе биде голема борба ама ти ќе мора да го згазиш копилето. Прво идеш на лекар и правиш крвна слика, значи одма, не се лечиш сам. Со се тие суплементи и апчиња за температура се спремаш за следните 5 дена да го газиш вирусот да се покае што наминал. И стиска вирусот, ти не се даваш, он појако негде со 39.5, ти пак не се даваш и само се потиш. Тука реално победуваат овие шо ги мрзеше да ги дигнат летните алишта пошо преслакаш маици на 15 минути, жива вода си од врат до работ на долните пижами, со се јорган, перници и цела постелнина. Апетитот расположен ко пијаница на Боемска. Температурата не попушта ко пратеник за патарина. Шанса нема да се откаже. Почнуваш да мислиш дека ова никад нема да попушти. Ден петти. Температурата те остава одеднаш ко жена што престанала да те сака. Одеднаш ја снемува. Ти остануваш со апчињата, без еден атом енергија ко да те фрлиле од поплава. Почнуваш да кашлаш. Идеш на лекар пак, нормално, тука веќе се делите со екипата, некои се ок и идат на кафе, тие со покачено црп почнуваат со антибиотици.

За овие сите денови требаат суплементи за појачување имунитет, електролити, апчиња за темп и плус тоа што ќе ви допише лекарот. У време на пандемија ни кажуваа со што да се опремиме за да пиеме превентивно и додека стигнеме до лекар, сега ништо. Лабава статистика колку биле болни, а тоа болни у една недела 2880 луѓе. Регистрирани, кај се тие сами што мислат дека можат да се лечат. Секој втор е болен. Буквално треба поише внимание и повеќе инфо за вакви потешки вируси од ПР службите на надлежните клиники или МЗ и ИЈЗ, да се спремиме со арсенал за дома пошо ко ќе те лупне не можеш да идеш до аптека. Башка, ова е све само не обичен грип.