Обезбедени смарт-табли за училиштата во Кисела Вода

Градоначалникот на Кисела Вода соопшти дека сите училишта во општината се опремени со нови смарт-табли. 

Опремата општината ја доби преку проектот „Поддршка на образовниот процес и стимулирање на дигиталните вештини на учениците во основните училишта во Општините Аеродром, Карпош и Кисела Вода“.

„Со обезбедените 16 кои веќе се користат во наставниот процес, сега веќе сите основни училишта во Кисела Вода се опремени со дигитални табли.

Осовременувањето на училиштата, преку стимулирање на дигиталните вештини е поставено високо во приоритетите на општина Кисела Вода.

Затоа, сакам да се заблагодарам на Центарот за развој на Скопскиот плански регион и на директорот на оваа институција, Љупчо Кец Мицковски кои го овозможија проектот за обезбедување на дополнителен број на дигитални табли во општинските училишта.
Истиот, започна токму во Кисела Вода и значи унапредување на наставниот процес во сите училишни објекти во општина Кисела Вода.

Со оваа донација од 16 смарт табли, сега истите се опремени со 43 дигитални табли и 75 смарт телевизори“, напиша Ѓорѓиевски.