
Сите објекти на детската градинка „11 Октомври“ во скопски Бутел добија клима уреди, а од септември ќе имаат и прочистувачи за воздух.
- Со набавката на нови клима уреди ги опремивме сите објекти со соодветни системи за ладење. Она што беше барање на родители од ова лето е надминато и на мое големо задоволство можам да кажам дека сите детски градинки се климатизирани. Целосно сме посветени и работиме на подобри услови за нашите дечиња, информираше градоначалникот Дарко Костовски кој најави дека од месец септември сите објекти ќе добијат и прочистувачи на воздух.
- Во насока на подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух, односно за намалување на последиците од аерозагадувањето, преку обезбедување на прочистувачи на воздух ќе допринесеме за намалување на загадувањето на нашите најмали деца од предучилишна вораст. Вложуваме во градинките како никогаш предходно во детските градинки! - порача првиот човек на Бутел.