Обама: Промената доаѓа кога обичните луѓе прават необични нешта

Барак Обама е американскиот политичар, кој беше 44тиот претседател и првиот црн претседател на Соединетите американски држави. Тој е роден на 04 август 1961 година во Хонолулу, Хаваи. Тој беше дел од Белата куќа во периодот од 2009-2017 година.

Неговото претседеталствување и политичка кариера инспирираа многу луѓе ширум светот. Ова се неговите најпознати и најинспиративни мисли.

Не можете да дозволите да бидете дефинирани од неуспесите. Морате да дозволите тие да ве научат нешто.

Промената нема да дојде ако чекаме на друга личност или некое друго време. Ние сме тие кои ги чекаме. Ние сме промената која ја бараме.

Најдобриот начин за да не бидете безнадежни е да станете и да направите нешто. Не чекајте да ви се случат добрите нешта. Ако одите и направите нешто, ќе го исполните светот со надеж, ќе се исполните себеси со надеж.

Енергија. Тоа е најважниот физичкиот елемент за секоја работа. Можноста да бидеш емотивно и умствено, но и физички способен да кажеш: Во ред е, ќе го средиме ова.

Не се плашете да поставувате прашања. Не се плашете да побарате помош кога ви е потребна. Јас го прават тоа секој ден. Барањето помош не е знак на слабост, туку знак на сила. Тоа дава храброст да прифатите дека кога не знаете нешто, имате можност да научите нешто.

Тоа што можеме да го направиме е да ги живееме нашите животи со цел, со љубов и радост. Да го искористиме секој ден да бидеме блиску до оние кои ни значат и да се однесуваме кон нив со љубезност и почит како што покажуваме за себеси. Можеме да научиме од грешките и да се издигнеме над нашите неуспеси.

Промената не е лесна, но секогаш е возможна.

Промената доаѓа кога обичните луѓе прават необични нешта.

Не дозволувајте никој да ви каже дека вашиот напор не е важен или дека вашиот глас не се важи. Не верувајте дека не можете да направите промена. Секогаш можете.