Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје денеска ќе одбележи 74 години од своето постоење и ќе го чествува патрониот празник.

Одбележувањето ќе почне со положување цвеќе пред споменикот на свети Климент Охридски во дворот на библиотеката. Ќе бидат доделени традиционалните награди на вработените и наградата „Библиотека на годината“.

Присутните на пладне ќе можат да го погледнат театарскиот перформанс „Емоции“ во режија и  кореографија на Кренаре Невзати – Кери и Дејан Лилиќ во главната улога. Перформансот е своевиден омаж за ликот и делото на Блаже Конески, кој починал пред 25 години на истиот ден кога НУБ „Св. Климент Охридски“ го одбележува патрониот празник.