Новогодишното мени прескапо за голем број граѓани?

По две пандемиски новогодишни ноќи, годинава може „на раат“ да се планира и организира дочек на најлудата ноќ и во гужва, со музика и без дистанца.

Но, годинава, според граѓаните проблем е инфлацијата и економската криза, па така велат дека размислуваат дали ќе може да си дозволат за една ноќ да одвојат минимум 150 евра.

-Не се даваат 200 евра за енда вечер. Ќе останеме дома, ќе гледаме новогодишна програма на телевизиите, ќе имаме богата трпеза од која храна ќе имаме и за следните неколку дена, споделува една скопјанка. 

-Новогодишните прослави низ рестораните и хотелите, со жива музика, се движат од 1.800 денари па нагоре од лице. Значи со партнерот во старт треба да одвоиме 3000 денари, дополнително пари за пијачки бидејќи во цената се вклучени само две пијачки. Потоа пари за облека, фризура...Значи едвај скромно 9-10 0000 денари. Уште размислуваме. Убаво ќе биде со друштво, но финансиите се проблем, вели една млада скопјанка.

Таа вели дека празниците се убав период, но „влечат“ многу пари.

-Мора дасе купи по некој симболичен подарок за најблиските, пакетчиња за најмалите, сето тоа си носи пари.

Повеќето скопски кафулиња и пабови во сабота, точно на 31. декември ќе организираат дневни забави со жива музика. И оние кои ќе одлучат на ваков вачин да ја слават Новата година, исто така ќе мора да се бркнат длабоко во џебот, бидејќи за секаде се потребни резервации кои чинат најмалку 6.000 денари, а сумата ќе ја делат цело друштво, плус дополнително пари за пијачки и мезе.

Новогодишната прослава вo Скопје, на плоштадот „Македонија“ е бесплатна, освен што ќе имате трошок околу пијачките, а засега се знае дека ќе пее Елена Ристевска.