Новогодишните желби на дечињата од Одделот за онкологија и хематологија

Новата година ни е на праг, а новогодишните желби уште сега ги знаат децата од Одделот за онкологија и хематологија.

Да бидеме сите заедно дел од оваа прекрасна акција. Да ги насмееме лицата на овие дечиња, кои заслужуваат многу повеќе од еден новогодишен подарок.

-Традиционално акцијата се повторува и оваа година, и ве каниме сите заедно повторно да донесеме насмевки на оние на кои им се најмногу потребни, на дечињата на Одделот за онкологија и хематологија и во одделот за деца со аутизам кои посетуваат вежби на Клиниката за Детски Болести во Скопје, стпи во апелот.

Можете да донирате играчки (за кои имаме список кои дечињата ги сакаат) , здрава храна, додатоци за во исхраната, витамини или пак било што друго кое сметате дека им е неопходно на овие дечиња.

Биди и ти нечиј Дедо Мраз, затоа што празниците се за секого!

Играчките може да се оставаат во Art of Living Bio Shop, Ayurveda, Yoga & Meditation Centar секој работен ден од 17 до 21 часот.