Новогодишната реклама на Мекдоналдс нè потсетува на моќта на имагинацијата

Со одлична и топла мелодија која потсетува на домашната атмосфера, вкусот на новогодишната трпеза и топлиот дом, новата реклама на Мекдоналдс ни вели дека никогаш не е доцна да престанеме да сонуваме.

“Time After Time”  е испеана од Синди Лопер во 1983 година, но оваа нова пијано верзија на Мабел ќе придонесе и за собирање средства за фондацијата за храна FareShare.

Рекламата има за цел да нè потсети на детските спомени, но и да ни ја покаже моќта на имагинацијата во овие тешки времиња.