Новогодишната кампања на Телеком со моќна порака: Најубавиот подарок за празниците е времето поминато со најблиските

Новогодишната магија полека започнува, а неа највеќе ја најавуваат убавите новогодишни реклами на големите компании и популарни брендови.

На Скопјеинфо во изминатиот период ви ги стопливме срцата со неколку реклами на најпопуларните светски брендови, но една од најуспешните домашни компании Телеком подготви реклама која ќе го стопли вашето срце во зимските денови и која ќе ве освои.

Една убава мисла вели: На крајот на животот нема да се каеш затоа што не си положил уште еден тест, не си добил уште една зделка или не си постигнал уште еден важен договор. Ќе се каеш за времето кое што не си го поминал со сопругот, децата и фамилијата.

Најубавиот подарок за празниците е времето поминато со најблиските.