Новогодишна презентација на ЈУ Детски културен центар „Карпош“

Балетска и фолклорна секција, ликовна и етно изложба, детски хорски песни и класична гитара ќе бидат презентирани на 21.12.2022, во рамките на Новогодишната презентација на ЈУ Детски културен центар „Карпош“. 

Манифестацијата ќе се одржи во Кино Фросина во Младинскиот културен центар, Скопје, со почеток во 19.30 часот.