Ова е една од највкусните и наједноставните крем салати за новогодишната ноќ.
Потребни состојки:
8 мали кисели краставички
10 лажици печен сусам
350 гр кисела павлака
300 гр пршута
250 гр мајонез
300 гр рендан кашкавал
Најпрво испржете го сусамот на слаб оган и оставете да се олади. Потоа ситно исечкајте ги сите состојки и ставете ги во еден голем сад. Штом се олади сусамот, додадете го и на крајот ставете ги павлаката и мајонезот.