„Новогодишна бајка“ – манифестација на Детскиот културен центар „Карпош“

Детскиот културен центар „Карпош“  ќе одржи новогодишна, полугодишна завршна, ликовна и етнолошка изложба, како и балетска претстава, наречена „Новогодишна бајка“. Настанот ќе се случува во кино-салата „Фросина“ во Младински културен центар –МКЦ на 24 декември, со почеток во 18 часот.

Членовите од ликовната секција ќе имаат изложба со цртежи од малите ликовни уметници, додека танцово-ритмичката секција со малите и големите балеринчиња преку игра ќе ја претстават новогодишната бајка со која ќе го најават доаѓањето на новата година. Нивните родители и останатата публика ќе можат да уживаат во сето она што го сработиле двете секции во првото полугодие. Исто така, на влезот покрај изложбата од малите ликовни уметници ќе има и етнолошко катче со македонски носии со кои играат нашите фолклорци.

nike air max 1 sale