Новогодишен концерт на Градскиот дувачки оркестар

Градскиот дувачки оркестар на 26 декември во 20 часот, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар, ќе го одржи традиционалниот Новогодишен концерт.

Оркестарот ќе настапи со комплетно нов, освежен репертоар на кој се наoѓаат големите хитови од популарни рок/поп изведувачи како Queen, Eurythmics, АВВА, Europe, Idoli.., a влезот за сите љубители на музиката ќе биде слободен.