Ново зеленило во Карпош 3 и Нерези

Општина Карпош засади нови украсни растенија во населбата Нерези, на потегот меѓу улиџите „Козле“ 8 и 10, информираат од општината.

Во акцијата беа засадени 50 растенија од типот Buxsus и Juniperus.  Овој дел од Карпош наскоро ќе биде раззеленет и со 20 висококвалитетни листопадни дрвја, со што целосно ќе биде зголемена флората.

Денеска се садеа дрвја и во Карпош 3, меѓу Кинотека на Северна Македонија и ТЦ „Лептокарија“.