Ново зеленило во дворот на „Никола Карев“

Градоначалникот Петре Шилегов и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули,  денеска одржаа прес-конференција во дворот на СУГС „Никола Карев“, кое е едно од трите средни градски училишта чии дворови се озеленети со средства од Програмата на Владата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година.

„Град Скопје аплицираше на јавниот повик на Владата за реализација на оваа програма со проекти за озеленување на средните училишта во Скопје и доби средства во висина од околу 2,8 милиони денари, со кои ги уредуваме училишните дворови на три средни училишта. Најголемиот двор е во Никола Карев со површина од вкупно 000 метри квадратни, во Корчагин двор со површина од околу 1.500 квадратни метри и во Димитар Влахов површина од околу 1.000 квадратни метри каде што целосно е обновено зеленилото и е поставен систем за наводнување, што ги прави лесни за одржување-рече Шилегов.

Тој додаде дека на овој начин се реализира концептот на Градот сите дворови на средните училишта да станат мини паркови и се надева дека во некои подобри времиња кога ќе се намали деструктивноста кај граѓаните, ќе се отстранат оградите на средните училишта и ќе се користат како јавен простор.

„Борбата со аерозагадувањето е перманентна, борбата со аерозагадувањето е секојдневна, мерките се најразлични, вклучувајќи и ваков вид на зеленило, како и на зеленилото што кога ќе стане потопло, исто така, ќе се засади во овој двор. И само со посветена и заедничка соработка на единиците на локалната самоуправа, Градот Скопје, Министерството за животна средина, Владата и граѓаните можеме да успееме во таа битка – нагласи Шилегов.

 

Sportswear Design | jordan Release Dates