Ново улично осветлување на Партизанска 2

Службите на општина Карпош поставија шест нови столба за улично осветлување со лед светилки во должина од 150 метри на новата улица Партизанска 2.

Новата улица на која се работи треба да ги спои Нерези со ресторанот Каскада каде со што ќе се овозможи полесно движење на жителите од околните згради, велат од општина Карпош.