Градоначалникот Тимчо Муцунски вчера беше во посета на населбата Лисиче каде во завршна фаза се активностите на просторот кај библиотеката на улицата „Мите Богоевски“, со што граѓаните од овој дел на Аеродром добиваат ново централно место за забава и релаксација направено според потребите на најмладите, но и повозрасните генерации.
- Просторот кој беше запуштен и заборавен, сега е збогатен со современи детски содржини, како и летниковец и нови клупи пред просториите на здружението на пензионери, со што се создаде ново модерно катче за детска игра и дружење на повозрасните, порачаа од општината.
- Општина Аеродром интензивно работи на враќање на духот и сјајот на заборавените и напуштени објекти. Минатата недела Мичурин доби ново катче за децата и возрасните, а од денеска и граѓаните на населбата Лисиче ќе имаат едно ново маалско место. Станува збор за инвестиција од буџетот на Општина Аеродром, а вакви забавни, но и инфраструктурни објекти се планирани и во буџетот за 2023 година, информираа надлежните.