Ново Лисиче утре без вода

Без вода утре од 08:00 часот до завршување на работите  ќе бидат корисниците од населба Ново Лисиче, во општина Аеродром.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради промена на шибери на булевар „Видое Смилевски Бато“ бб.