Никој од нас не планира да живее вечно, но сите би сакале да живееме подолго.

Многу научници се обидуваат да ја откријат тајната на долговечноста и затоа постојат многу истражувања кои се обидуваат да дадат одговор на прашањето што е тоа што ќе ни помогне да живееме подолг живот. Едно од неодамнешните истражувања посочува дека тоа е виното.

Користејќи податоци од 1981 година во кои биле вклучени околу 14 000 испитаници, тим на експерти се обидел да даде одговор на повеќе прашања, за да ги детерминира факторите кои влијаат на долг живот. Меѓу другите заклучоци, било утврдено дека оние кои умерено пијат црвено вино, живеат подолго од другите.

Според истражувачите, луѓето кои конзумирале 1-2 чаши црвено вино дневно имале 9-15 % понизок ризик  за смртност. Истиот процент се однесува и на редовното вежбање.

Според др. Џим Бекер, лидер на истражувањето, овие заклучоци се поврзани со честите заклучоци од други истражувања дека умереното конзумирање вино придонесува за долговечност. Но, тоа и не значи да се претерува.