Ново енергетски-ефикасно осветлување на повеќе локации во Аеродром

Во општина Аеродром поставено е сосема ново, енергетски-ефикасно осветлување на улицата „1615“ која е паралелна со булеварот „Трета македонска бригада“, во близина на комплексот Џевахир.

 Исто така, деновиве се менуваат старите и кородирани столбови за осветлување и кај зелените згради во населбата „Јане Сандански“, како и во паркот спроти крстот во населбата Лисиче.

-Во наредниот период ново освелување ќе се постави и на други локации. Се грижиме за безбедноста на жителите, а осветлен Аеродром значи безбеден Аеродром, велат од општина Аеродром.