Целосно е реконструирано детското игралиште во дворот на градинката во населбата Радишани, ова го објави градоначалникот на на Бутел, Дако Костовски. Тој вели дека со ова е исполнето уште едно барање на граѓаните.
„Целосно е реконструирано детското игралиште во дворот на градинката во населба Радишани. Ново детско катче за најмалите дечиња квалитетно да го поминуваат слободното време со нови содржини. Нова високо квалитетна мека подлога е поставена за безгрижна игра на дечињата. Реконструкција на реквизитите, како и целосно уредување на просторот. Најмладите се секогаш во мојот фокус. Ќе продолжиме со инвестирање во подобрување на условите. Општина Бутел ја правиме поубаво место за живеење со многу нови содржини“, напиша Костовски.