Ново детско игралиште во Општина Илинден

Ново место за игра и забава, добиваат најмладите од Општина Илинден. 

Градоначалникот на Општината, Александар Георгиевски, истакна дека во соработка со општествено одговорни компании, од денеска отворено е ново детско игралиште и реквизити на ул. „6 “во населба Илинден.

-Сакам да им се заблагодарам на компаниите за поддршката во изградбата на ова игралиште и се надевам дека нашата одлична соработка ќе продолжи и во иднина. Новото игралиште има детски реквизити, нишалки и лизгалки, поставени се клупи и канти за отпадоци, а истото е заштитено со ограда - напиша Георгиевски на официјалната Фејсбук страница.