Ново детско игралиште со разновидни реквизити во Тафталиџе 1

Ново детско игралиште на ул. Варшавска, во населбата Тафталиџе 1. Игралиштето е целосно реконструирано и збогатено со разновидни детски реквизити.

Освен постоечкиот летниковец, поставени се лулашки, "куќарки" и други забавни содржини кои најмалите карпошани ќе ги користат, особено во летните вечерни часови.

Во детското игралиште се поставени и нови клупи, како и кошници за отпадоци. Тафталиџани со своите деца ќе можат да го користат ова игралиште за дружба, рекреација и релаксација.

- Општина Карпош повеќе од две години во континуитет реконструира и поправа веќе постоечки детски игралишта и апелира истите да бидат сочувани и граѓаните на Карпош да се грижат за нив. Досега се целосно реновирани и пуштени во употреба единаесет вакви детски игралишта, додека во наредните две години локалната самоуправа ќе реновира и реконструира дополнително над дваесет урбани детски катчиња, велат од Општина Карпош.