Новитет во кафулето „ДежаВу“

Едно од најпознатите скопски кафулиња лоцирано во трговскиот центар Капитол, познато по добрите забави и квалитетното мени, воведе новитет во своите услуги. Од сега, немате потреба да го викате келнерот за да нарачате или да добиете сметка. За таа цел секоја од масите е опремена со копче преку кое може да испратите сигнал дека сакате да нарачате или да побарате сметка.

Со притискање на копчето испраќате сигнал до келнерите кои носат своевидна направа, налик на часовник на која се испишува бројот на масата од која ги повикувате. Ова нуди одлична можност да порачувате или да ја платите својата сметка без чекање и непотребно задржување, но ќе видиме како ќе функционира во пракса.