Новите станови и понатаму ќе се продаваат со 5% ДДВ

За пет години се пролонгира рокот за повластена стапка од пет проценти за станови во прва продажба, со предложените измени на Законот за данокот на додадена вредност за кои денеска треда да расправа собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Според предлог законот,  рокот за повластената стапка се пролонгира  до 31 декември 2023 година.

На дневен ред на седницата се измените и дополнувањата на законите  за супервизија на осигурувањето, за финансиската полиција, за игрите на среќа, во прво читање, измените на Законот за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за финансирање на Проектот за изградба и модернизација на Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје и Регионалната клиничка болница во Штип, во прво читање.

Членовите на Комисијата треба да расправаат и за Предлог-законот за престанување на важењето на Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на проектот ХЕ Бошков мост кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и АД ЕЛЕМ, во прво читање, Годшниот извештај за извршените ревизии и за работењето на Државниот завод за ревизија во 2017 година и Финансискиот извештај на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2017 година.