Новите истражувања покажуваат дека алтернативите на цигарите се штетни за здравјето

Додека производителите тврдат дека станува збор за уреди кои се помалку штетни од стандардните цигари, уште едно истражување покажува резултатни сознанија кои се спротивни на тоа. Веб порталот News Medical објавува истражување кое ги демантира овие тврдења, а  претходно и други релеватни истражувања го отворија ова прашање и дадоа интересни заклучоци на оваа тема. 

Последното истражување покажало дека уредите кои носат кратенка дека „Јас престанувам да пушам“ ("I quit ordinary smoking" (IQOS)) испуштаат многу повеќе штетни честички од тие кои се идентификувани од страна на производителот. Дополнително, тие тврдат дека во овие цигари се пронајдени и штетни хемиски супстанци кои може да влијат на здравјето и да предизвикаат сериозни здравствени проблеми. 

Целото истражување и тврдењата на тимот се достапни на следниот линк