Новите градоначалици со низа акции - Во месец ноември во Скопје се засадија над 1.200 садници

Во месец ноември новоизбраните градоначалници на скопските општини веќе ги превземаа функциите и, се чини, дека прво за што се фатија беше проблемот со хигиената.

Се чистеа улици, паркови, училишни дворови, диви депонии, а во акциите се вклучија и голем број од градоначалниците заедно со своите соработници.

Oвен чистење, само месецов, Скопје се засади со голем број садници.

Што сработија скопските градоначалници во месец ноемеви во однос на хигиената?

Освен чистење во соработка со комуналните служби, во Аеродром во сите 11 градинки во општината изминатиот месец се одржа еколошка акција за садење на дрвца. Исто така, оваа општина доби и педесет садници, дрвја од видот каталпа, кои беа засадени во Рајскиот парк, а ќе бидат придонес за чист воздух и зачувување на животната средина.

Општина Центар изминатиот месец организираше голема акција за чистење на сите осум основни училишта во општината во која се вклучи и градоначалникот на општината, Горан Герасимовски.

Акција за чистење на медицински и комунален отпад се одвиваше и во општина Кисела Вода. Оваа општина се раззелени со 1.200 аризонски чемпреси кои беа засасену на ридот над Усје.

На подрачјето на општина Гази Баба, во урбаните заедници, беше реализирана голема есенска еколошка акција за расчистување на улиците, дивите депонии и поголемите паркови, а стартуваше и засадување на 130 декоративни дрва на повеќе локации во општината.

Ѓорчепетровци и кажаа збогум на депонијата во Ново Село каде е предвидено да се оформат зелени површини, наместо купиша отпад и загаден воздух.

Во Бутел се чистеа депонии и коритото на реката Серава.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, изминатиов месец изврпи увид на расчистувањето на дивите депонии во општините Бутел, Сарај и Карпош.