Новите дресови на репрезентацијата предизвикаа бурни реакции, црвената боја најголем проблем

ФФМ ги претстави дресовите со кои македонската репрезентација ќе игра на претстојното Европско првенство. 

Иако дали некој дизајн е убав или не е сосема субјективна работа, денес на социјалните мрежи може да се забележат низа реакции, најмногу поради нијансата на црвениот модел. Според реакциите, новата боја е бордо-нијанса, односно темно црвена, која не е компатибилна со црвената боја на нашите државни симболи. 

Ситуацијата отиде дотаму што со петиција се бара да се врати стилизираниот дизајн на македонското знаме на дресовите. 

Од ФФМ досега не излегоа со соопштение или реакција во врска со дресовите, но како што може да се види и со останатите репрезентации, концептот на дизајнот е сличен, па можеби се работи за стандард кој треба да се запази на првенството. 

Инаку, дресовите ги има и во бела и црна боја. На белиот дрес има жолти детали.