Новите антикризни мерки ќе чинат 180 милиони евра

Министерството за финансии соопштува дека се издвоени 180 милиони евра поврзани со антикризните мерки, како стимул за стопанството и граѓаните. Од нив, 100 милиони се од Европската инвестициска банка за евтини кредити за мали и средни претпријатија, додека 80 милиони евра се од ЕУ за фискален стимул за стопанството и граѓаните.

„Денес е префрлена втората транша со износ од 80 милиони евра, од вкупно 160 милиони евра макрофинансиска помош од Европската Унија за надминување на кризата предизвикана од коронавирусот. Исто така, денес Собранието го усвои законот за нови 100 милиони евра од Европската инвестициска банка за евтини кредити за мали и средни претпријатија, кои ќе се пласираат преку деловните банки,“ се вели во соопштението.

„Новите финансиски средства треба да се донесат до инвеститорите преку различни механизми. На тој начин ќе се постигне повеќекратен позитивен ефект за економијата. Неопходно е да се продолжи со поддршката на фирмите за да може да продолжи заздравувањето на економијата,“ истакна Бесими во колумната „Фискален стимул за заздравување, забрзан економски раст и фискална консолидација“.