Новите 12 електрични метларки за вакуумско чистење „сефтосани“ денеска

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска излегоа на терен со новите 12 електрични метларки наменети за вакуумско чистење. Во текот на денот со метларки ќе се чисти централното градско подрачје, односно Плоштадот и улицата Македонија, булеварот Илинденска и булеварот Партизански одреди.

Новите метларки коишто ќе се употребуваат за чистење и одржување на хигиената на јавните површини низ градот, се еколошки машини што работат на електричен погон и нема да го загадуваат амбиенталниот воздух.