Новиот Volkswagen Arteon

Иновативни системи за помош на возачот, автоматска помош во итни случаи, најнова генерација на сопирачки и управувач кои автономно се вклучуваат во итен случај и иновативната  технологија за заштита користи четири системи за помош на возачот. Ова се само дел од новините кои ги содржи новиот Volkswagen Arteon. Тој фасцинира и поларизира во еднаква мера.

„Автономно возење" - термин за кој во моментов се дискутира повеќе од било кој друг во автомобилскиот свет. Тој фасцинира и поларизира во еднаква мера. Факт е: автоматизираните функции во возењето ја зголемуваат удобноста и безбедностa. Новиот Arteon е опремен со повеќе системи за помош на возачот од било кој друг досегашен автомобил од Volkswagen. Овие системи се меѓусебно поврзани еден со друг, а нивната интеракција преку сензорите и компјутерите всушност ги овозможуваат автономните функции при возењето. Преку фузија на четири системи за помош на возачот, Arteon поседува технологија, која во многу случаи може да помогне во спречување на сериозни несреќи.  Системот „Emergency Assist 2.0“ во моментот кога сензорите ќе забележат дека возачот не е во состојба да управува, новиот Arteon веднаш ја презема контролата. Во рамки на своите способности системот ги предупредува и другите учесници во сообраќајот и автоматски се насочува кон најдесната коловозна лента, каде што и запира.

Ние го нарекуваме најлошо сценарио. Но сепак, преку ненадејно влошување на здравјето, што може да се случи секому, без оглед на возраста или физичката состојба возачот. Токму во овие ситуации, втората генерација на системот итно сопирање е во можност да преземе акција. Системот ги интегрира следниве системи адаптивен темпомат, систем за странична помош, систем за движење во лента и системот за автономно паркирање. Овој спој на можности овозможува  автомобилот безбедно да биде пренасочен кон коловозната лента за запирање.

комерцијален текст