Новиот директор на ЗОО Скопје излезе со јавен демант, еве зошто

Денеска, новиот директор на зоолошката градина во Скопје излезе со јавно демантирање на информацијата дека тој е член на партијата ГРОМ. 

Ова е неговиот официјален и целосен демант на оваа информација:

„Јас Драган Илиевски: Не сум член на ниту една партија, професионално ќе ја вршам својата работа. 

Во екстремно партизирано општество како нашето, свесен сум дека ретко се дава шанса на човек кој е професионалец да води институција, а особено на одговорна позиција како оваа. Јасно и недвосмислено ги демантирам пласираните дезинформации дека некогаш сум бил член на било која партија, вклучително и на ГРОМ.

Имам повеќе од 20 години работно искуство на раководни позиции во приватниот сектор и магистер сум по економија. Верувам во програмата на град Скопје и во заложбите за професионализација и департизација, како што и верувам дека избор на човек како мене кој е непартиски и професионален кадар може да придонесе за позитивни промени.“