Новиот Божикен спот е готов

Традиционално, и овој Бадник, Здружението "Бадникови поворки" со благослов и сесрдна помош на Бигорскиот манастир, објавува Божикен спот како подарок за верниот народ.

Видео записот за ново-возобновената Божикна песна (каланда) “Христос се раѓат, на светот радост” е снимен во прекрасните предели на славниот Галичник и во манастирските одаи на Бигорскиот манастир.

Оваа музичка творба потекнува од широките балкански простори од времето на Ромејското Царство, Византија и се пеела меѓу мијачкото население, заради што и сегашната верзија е отпеана токму на познатиот мијачки дијалект. Нејзиниот народен мелос, пак, е карактеристичен за нашите простори, како и за богатата традиција која сме ја сочувале како наследници на ромејската култура и духовност.

Sports brands | Comfortable Nike Air Max Plus TN Ultra Navy Blue 898015-106 Men's Running Shoes , Sciaky