Новиот Audi A7 Sportback претставува нов стил на Гран Турер кој нуди систематска дигитализација, динамично возење и просторен концепт. Големото купе со четири врати е суштината на новиот дизајнерски јазик на Audi.

Прогресивни спортски карактеристики

Надворешниот дизајн на новиот A7 Sportback го отелотворува новиот, прогресивен дизајн на Audi, фокусиран на големи површини и остри рабови. Широката ниска Singleframe решетка и истакнатите отвори за воздух уште на прв поглед го изразуваат динамичниот карактер на Гран Турер. Задниот дел е заострен како јахта. Спојлерот интегриран на крајот од багажниот простор електрично се активира при брзина од 120 км/ч. Светлосна лента ги поврзува задните светла, составена од 13 индивидуални сегменти. Кога вратите се отклучени или затворени, динамичните анимации за осветлување на задните светла и фаровите го истакнуваат Audi A7.

Внатрешен дизајн

Дизајнерскиот јазик во внатрешноста на новиот Audi A7 Sportback е симплифициран и чист. Хоризонталните линии и елеганцијата на инструмент таблата пренесуваат чувство на пространост. Централната конзола е наклонета кон возачот и го нагласува спортскиот карактер на Гран Турер. Во внатрешноста, архитектурата на кокпитот и мониторот MMI се спојуваат за да формираат хомогена површина. Повеќето функции на возилото може да се контролираат преку двата екрани. Горниот дисплеј е речиси невидливо интегриран во контролната табла. Изборот на бои, материјали за навлаки и внатрешното осветлување совршено се вклопуваат во футуристичката атмосфера на A7.

Новиот Audi A7 Sportback ја продолжува стратегијата за дигитализација која започна со новиот A8 и го усвојува концептот MMI за инфо-забавниот систем со екран на допир со акустично-хаптички повратни информации: Малиот и звучен клик го потврдува активирањето на функцијата преку прстот на екранот. Горниот дисплеј се користи за контрола на инфо-забавниот систем, додека долниот екран обезбедува пристап до функциите за контрола на климата, комфорот, погодностите и внесување на текст. Благодарение на логичката структура на рамно мени, работењето со инфо-забавниот систем е интуитивна како на паметен телефон.

Подинамично возење и поголема удобност на долгите дестинации

Новиот Audi A7 Sportback дополнително ја оптимизира синтезата на динамиката и удобноста. Тј е динамично агилен на свиоците по патиштата надвор од градот и удобен на автопатот. Опционално динамичко управување со сите тркала го комбинира директното управување со супериорната стабилност во правецот на движење. На предната оска, се променува соодносот на управување во зависност од ситуацијата на возење. На задната оска, се вртат тркалата или во иста или спротивна насока на предните тркала во зависност од брзината. Дури и со основното управување, новиот концепт на управување му дава на возачот интензивни повратни информации од патот.

Опционалниот спортски диференцијал активно го дистрибуира вртежниот момент помеѓу задните тркала, дополнувајќи го стандардниот Quattro погон на сите тркала. Тоа, како и динамичкото управување со сите тркала, системот за контрола на амортизацијата, опционалната спортска суспензија и адаптивната воздушна суспензија со контролирано амортизирање се контролирани од платформата за електронска шасија (ECP). Благодарение на ова блиско вмрежување, сите системи работат заедно за зголемена удобност, динамичност и максимална прецизност.
Возачот може да избере од неколкуте возачки профили во системот на Audi кои нудат поширок распон помеѓу удобноста и динамиката во споредба со претходникот.

Благ хибриден систем за сите мотори

Новиот погонски систем на Audi A7 Sportback сега е уште поефикасен благодарение на новиот благ хибриден систем (MHEV). При воведувањето на пазарот купето ќе биде достапно со 3.0 TFSI или 3.0 TDI мотор. MHEV системот е базиран на основен електричен систем од 48 волти и стартер на појас (BAS) кој генерира до 12 киловати моќност на регенерација. A7 Sportback може да се придвижи со исклучен мотор и потоа да се рестартира непречено преку БАС. Функцијата старт-стоп сега се активира на 22 км/ч. 3.0 TFSI е поврзан со седумстепен S tronic; 3.0 TDI со типтроник со осум брзини. Во комбинација со S tronic, quattro трансмисијата користи ефикасна технологија која го активира погонот на сите тркала по потреба.

3.0 TFSI, турбо V6, располага со моќност од 250 kW (340 КС) и 500 Nm вртежен момент. Го забрзува купето со четири врати од 0 до 100 км/ч за 5,3 секунди и достигнува максимална брзина од 250 км/ч. Основната верзија на Audi A7 Sportback 55 TFSI троши 6,8 литри гориво на 100 километри. 3.0 TDI произведува 210 (286 КС) и 620 Nm вртежен момент. Забрзува од 0 до 100 км за 5,7 секунди. Во основната верзија троши само 5,5 литри гориво на 100 километри. Дополнителни четири и шест цилиндрични мотори ќе следат по воведувањето на пазарот на почетокот на март 2018 година.